Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на 2 февруари ќе отпатува во посета на Германија
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на 2 февруари ќе отпатува во посета на Германија каде ќе се состане со својата германска колешка Анегрет Карамп-Каренбауер

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ќе отпатува во посета на Германија кадешто ќе оствари низа средби и разговори.
Оваа прва посета на високо ниво од Турција за Германија во новата година ќе се оствари на 2 февруари, во вторник.
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Берлин ќе се состане со германската министерка за одбрана Анегрет Карамп-Каренбауер.
Најзначајна точка на дневниот ред за време на оваа работна посета ќе бидат случувањата во контекст на Источниот Медитеран.
Германската министерка Карамп-Каренбауер минатата недела се состана со министрите за одбрана на Грција и Кипарско-грчката управа.
Во тие рамки се истакнува дека средбата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар со неговата германска колешка Карамп-Каренбауер ќе биде остварена во рамките на посредничката улога што ја води Германија за намалување на тензијата во Источниот Медитеран.
Претходно германската министерка за одбрана Анегрет Карамп-Каренбауер истакна дека ги дочека со задоволство остварените разговори на 25 јануари помеѓу Турција и Грција.