Екипите на турската крајбрежна стража спасија 48 мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море во близина на Чешме и Дикили кај Измир спасија 48 мигранти за кои е установено дека од страна на грчките елементи биле турнати кон турските територијални води

1574108
Екипите на турската крајбрежна стража спасија 48 мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина на населените места Чешме и Дикили кај градот Измир спасија 48 мигранти качени на два гумени чамци кои од страна на елементите на Грција биле турнати (присилно вратени назад) кон турските територијални води.

По добиени информации дека во морето во близина на населеното место Чешме има група мигранти качени на гумен чамец во областа беше испратен чамец  со екипа на Командата на крајбрежната стража.

Притоа беа спасени 19 мигранти каќени6ма гумен чамец за кои беше установено дека од страна на грчките екипи се турнати кон турските територијални води.

И во близина на населеното место Дикили беа спасени 29 мигранти кои исто така биле турнати (присилно вратени назад) кон турските територијални води.

Спасените вкупно 48 мигранти по законските постапки беа испратени Дирекцијата на Управата за миграција на Измир.

 



Слични вести