Турција по прашањата во Егејот, Источниот Медитеран и на Кипар е на страната на дипломатијата и дијалогот на секоја платформа

Во објавената декларација по состанокот на Советот за национална безбедност (МГК) се истакнува дека Турција во решавањето на прашањата во Егејот, Источниот Медитеран и на Кипар првенствено е на страната на дипломатијата и дијалогот на секоја платформа

1573288
Турција по прашањата во Егејот, Источниот Медитеран и на Кипар е на страната на дипломатијата и дијалогот на секоја платформа

Вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со одржа првиот состанок во оваа година на Советот за национална безбедност (МГК).

По состанокот во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе“ во Анкара е објавена декларација во која се истакнува дека меѓу другото е разговарано и за чекорите коишто се преземаат во рамките на ставањето крај на присуството на терористичките организации како главен извор на нестабилноста во регионот, на териториите на соседните земји на јужните граници на Турција.

Во декларацијата се вели следното: „Сите меѓународни актери кои се инволвирани во прашањето се покануваат да ги исполнат своите одговорности што им припаѓаат“.

Советот за национална безбедност (МГК) нагласи дека Турција е одлучна во одбраната на своите права коишто произлегуваат од меѓународното право во Егејот, Источниот Медитеран и на Кипар.

Во декларацијата се истакнува дека Турција во решавањето на прашањата со Егејот, Источниот Медитеран и на Кипар првенствено е на страната на дипломатијата и дијалогот на секоја платформа.

Се вели дека, соодветно со тоа уште еднаш е нагласено дека Турција е одлучна во одбраната на своите права и интереси коишто произлегуваат од меѓународното право и меѓународните договори.

Освен тоа, во објавената декларација по состанокот на Советот за национална безбедност (МГК) се осудуваат терористичките напади и насилствата во Африка на чело со Сомалија и во различни други делови на светот и се нагласува дека Турција ќе продолжи да ги исполнува своите одговорности за воспоставување на мирот.

 



Слични вести