Претседателот Ердоган: Падот во бројот на починатите од Ковид-19 во сериозна смисла влева надеж кај мене

Претседателот Ердоган во врска со мерките коишто се преземаат против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го рече следното: „Падот во бројот на починатите во сериозна смисла влева надеж кај мене“

1573700
Претседателот Ердоган: Падот во бројот на починатите од Ковид-19 во сериозна смисла влева надеж кај мене

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од џума намаз (петочната молитва) во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите.

Во врска со мерките коишто се преземаат против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) претседателот Ердоган истакна дека соопштенијата на Научниот совет се значајни за него и го рече следното: „Падот во бројот на починатите (од Ковид-19) во сериозна смисла влева надеж кај мене.“

Претседателот Ердоган во врска со мутациите на Ковид-19 пак, рече: „Точно е дека има одредени негативни случувања во врска со мутацијата, меѓутоа верувам дека Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе до надминеме и тоа.“

Осврнувајќи се и на остварениот разговор со основачот на „Tesla“ и „SpaceX“ Елон Маск, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го истакна следното: „Се подготвуваме за Турксат 5. И јас ќе назначам еден наш друга по прашањето на тоа што би можеле да направиме заедно и постојано ќе се биде во контакт со Елон Маск.“



Слични вести