Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со својот ирански колега Џевад Зариф

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф кој допатува во посета на Турција со кого по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори одржаа и заедничка прес-конференција

1573550
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со својот ирански колега Џевад Зариф

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во сарајот Долмабахче во Истанбул се состана со иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф кој допатува во посета на Турција.

По остварената средба лице в лице помеѓу двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Зариф, се премина на меѓуделегациски разговори.

По остварените разговори пак, Мевлут Чавушоглу и Мухамед Џевад Зариф одржаа заедничка прес-конференција.

Чавушоглу рече: „Разговаравме за тоа како ќе ги одржиме нашите состаноци поради пандемијата. Трилатералниот самит во форматот од Астана ќе се одржи во Техеран и денеска ги започнавме подготовките.“

Нагласувајќи дека во Јужен Кавказ е постигнато примирје помеѓу Азербејџан и Ерменија и дека секој сака ова примирје да биде трајно, Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Не е дволно само да се сака, треба и да придонесеме за тоа. Во врска со Јужен Кавказ планираме соработка во форматот 3+3.“

Чавушоглу потсети дека Турција го поддржува особено потпишаниот договор меѓу тројката Иран, Соединетите Американски Држави (САД) и Европа, во врска со што го истакна следното: „Се надевам дека со администрацијата на Џо Бајден (новиот претседател на САД) ќе се врати на овој договор. На тој начин се надевам дека (Иншаллах) ќе бидат укинати санкциите врз братски Иран.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на развојот во врска со случајот со киднапирањето на 15 турски морнари од бродот по име „Mozart “ од страна на морските пирати пред 4 дена во Гвинејскиот залив крај брегот на Нигерија.

Чавушоглу информира дека е стапено во контакт со киднаперите и дека здравствената состојба на 15-те киднапирани турски морнари е добра.

Тој во врска со случајот ја сподели следната информација: „Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола ќе добиеме убави вести. Вчера добивме вест којашто будеше задоволство. Киднапираните членови на посадата и капетанот стапија во контакт со компанијата. Дознавме дека здравствената состојба на сите наши 15 мина браќа е добра. Не е можно да се дадат информации во врска со процесот и деталите, меѓутоа се надевам (Иншаллах) наскоро ќе добиеме убави вести.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно го рече и следното: „Четвртиот капетан на бродот и двајца други наши граѓани кои се спасија од нападор, денеска со авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ќе дојдат во Турција. Со регионалните земји ќе разговараме за тоа што би можело да се направи по прашањето на спречување на нападите врз нашите и другите бродови.“

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф пак, во својот говор рече: „Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во најскоро време го очекуваме во Иран. Наскоро ќе го утврдиме датумот.“

Велејќи „Соработката на Иран и Турција по прашањето на Кавказ апсолутно ќе биде многу полезно за регионалните земји“, Зариф го додаде следното: „Сферите за соработка помеѓу Иран и Турција се многу широки. Со тоа што САД ќе заземат пологичен став ќе ги продлабочиме нашите односи.“

 



Слични вести