Џевад Зариф: Билатералните односи и соработката со Турција се од витално значење

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф изјави за иранската државна телевизија дека односите помеѓу Турција и неговата земја и соработката во однос на регионалните прашања се од животно значење

1573305
Џевад Зариф: Билатералните односи и соработката со Турција се од витално значење

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф кој во рамките на своите посети коишто ги остварува на регионалните земји допатува во посета и на Турција, пред средбите и разговорите со турските функционери даде изјави за иранската државна телевизија.

Зариф истакна дека односите помеѓу Турција и неговата земја и соработката во однос на регионалните прашања се од животно значење.

Велејќи дека им придаваат големо значење на односите со Турција, Џевад Зариф рече: „Нашите односи изискуваат постојани консултации бидејќи билатералните односи и соработката со Турција се од витално значење.“

Зариф појасни дека во Турција ќе разговара за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи го и транзитниот премин и воспоставувањето на трајниот мир во регионот на Кавказ.

Тој рече: „Мошне е значајно неопходните услови за трајниот мир во Кавказ да бидат формирани по пат на соработка.“

Во врска со неговиот предлог за формирање на шесторна платформа по прашањето на Карабах, иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф го рече следното: „Овој механизам претходно беше поставен на дневен ред од страна на почитуваниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган и од другите функционери во регионот. Имав разговори по ова прашање. Резултатот од овие разговори ќе го споделам со турските функционери, бидејќи тоа е значајно прашање особено од аспект на соработката во транзитната сфера.“



Слични вести