Турските воздухопловни сили за прв пат доставија гориво на авион на НАТО во воздух ноќе
Министерството за национална одбрана во споделената објава на Твитер соопштија дека Турските воздухопловни сили за прв пат му доставија гориво на авион на НАТО во воздух за време на ноќна задача

Турските воздухлопловни сили за прв пат му доставија гориво на авион на НАТО во воздух за време на ноќна задача.
Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се истакнува следното. „На авион E-3A AWACS во сопственост на НАТО кој полета од Германија и реализира задача во рамките на мерките за доверба со помош на танкер-авион KC-135R во сопственост на нашите воздухопловни сили над Романија е реализирано полнење на гориво во воздух. Со оваа задача за прв пат на еден авион на НАТО му е наполнето гориво во воздух за време на ноќна задача.“
Во споделената објава беше објавено и видео во врска со момените на полнење гориво на авинот на НАТО во воздух ноќе.
Слични вести

Ердоган: „Поседувањето силна флота многу повеќе е нужност отколку избор“
Ердоган: „Поседувањето силна флота многу повеќе е нужност отколку избор“