Состанок на Високиот консултационен совет посветен на непријателството кон странците и исламот

Состанокот се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, под претседателство на претседателот Ердоган, беше затворен за медиумите и траеше приближно 2,5 часа

1572563
Состанок на Високиот консултационен совет посветен на непријателството кон странците и исламот

На состанокот на Високиот консултационен совет што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше разговарано за прашањето на непријателството кон странците и исламот (ксенофобијата и исламофобијата) коишто се во подем кај западните општества.

Состанокот се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беше затворен за медиумите и траеше приближно 2,5 часа.

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во објавеното писмено соопштение по состанокот истакна дека на состанокот од страна на членовите на Советот што беше разговарано за прашањето на непријателството кон странците и исламот (ксенофобијата и исламофобијата) коишто се во подем кај западните општества и притоа беа направени проценки во однос на состојбата во која се наоѓа исламскиот свет.

Алтун информира дека на состанокот претседателот Ердоган рече дека со откривање на шминката на демократијата, слободата и човековите права зад коишто длго време како Западот се крие, почнаа да го покажуваат своето лице расизмот, дискриминацијата, варварството и вандализмот, а воедно напомена дека во различни делови на светот од Мјанмар до Источен Туркестан, од Балканот во Кавказ и до Палестина се забележуваат применувања како масакр, зулум (тортура), притисок, окупација, фанатизам врз Муслиманите и дека на исламските простори се станува сведок на најочајните и најболните сцени.

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун  го подвлече следното: „Членовите на Советот разменија мислења во однос на спасувањето на исламскиот свет од внатрешните превирања и зајакнувањето на единството и заедништвото, како и во врска со прашања за водење борба против мрачните структури кои не произлегуваат од суштината на религијата.“    



Слични вести