Прв состанок на Советот за национална безбедност на Турција во 2021 година

На првиот состанок на Советот за национална безбедност во оваа година ќе бидат разгледани случувањата во Источниот Медитеран, активностите на турската армија во Азербејџан, Либија и Сирија, како и стратешки прашања на чело со борбата против тероризмот

1572748
Прв состанок на Советот за национална безбедност на Турција во 2021 година

Советот за национална безбедност (МГК) денеска под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  го одржува својот прв состанок во новата 2021 година.

На првиот состанок во оваа година се очекува да бидат разгледани случувањата во Источниот Медитеран, активностите на турската армија во Азербејџан, Либија и Сирија, како и стратешки прашања на чело со прашањата посветени на борбата против тероризмот.

Меѓу значајните точки на дневниот ред на состанокот се предвидува да заземат место и експлораторските (истражувачките) разговори коишто започнаа повторно помеѓу Турција и Грција за разгледување на проблемите во Егејот и Источниот Медитеран.

Во тие рамки, се претпоставува дека меѓу прашањата коишто ќе бидат разгледани на состанокот ќе бидат и чекорите кои ќе бидат фрлени во правец на интересите на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран.

На состанокот се очекува да бидат разгледани и сириското прашање и активностите коишто се водат од страна на турската војска во Азербејџан и Либија, како и борбата на Турција против терористичките елементи јужно од нејзините граници. 

Освен тоа се предвидува меѓу прашањата за кои ќе се разговара на состанокот да заземат место и операциите коишто се реализираат против сите терористички организации на чело со ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ, ФЕТО и ДЕАШ како и други регионални и национални безбедносни прашања.

 



Слични вести