Претседателот Ердоган разговараше телефонски со Елон Маск

Претседателот Ердоган во споделената објава на своите сметки на „БИП“ (BİP) и „Телеграм“ (Telegram) истакна дека во разговорот со Елон Маск ги разгледале прашањата во врска со соработката во различни сфери на чело со вселенските технологии

1572544
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со Елон Маск

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со основачот на „Tesla“ и „SpaceX“ Елон Маск.

Претседателот Ердоган во споделената објава на своите сметки на „БИП“ (BİP) и „Телеграм“ (Telegram) истакна дека во разговорот со Елон Маск ги разгледале прашањата во врска со соработката во различни сфери на чело со вселенските технологии меѓу компанијата и институциите на јавниот и приватниот сектор во Турција.

„Ќе продолжиме да ги следиме одблизу случувањата во сферата на технологијата во нашата земја и во светот и да го поддржуваме секој чекор што се фрла во оваа сфера со цел да му се обезбеди полза на нашиот народ.“ - напиша претседателот Ердоган во својата споделена објава на апликациите „БИП“ (BİP) и „Телеграм“ (Telegram).



Слични вести