Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со својот ирски колега Симон Ковенеј

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека на остварените средби и разговори во една срдечна средина освен билатерални и регионални прашања беа разгледани и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)

1572555
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со својот ирски колега Симон Ковенеј
Mevlüt Çavuşoğlu İrlanda Dışişleri Bakanı Simon Coveney Basın Toplantısı.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анкара се состана со ирскиот министер за надворешни работи и одбрана Симон Ковенеј кој допатува во официјална посета на Турција.

Двајцата министри, Чавушоглу и Ковенеј, по остварените разговори во Министерството одржаа заедничка прес-конференција.

Чавушоглу истакна дека на остварените средби и разговори во една срдечна средина освен билатералните и регионални прашања беа разгледани и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Велејќи дека чувствува задоволство од тоа што го пречекува својот ирски колега Ковенеј, Чавушоглу информира дека беше разговарано за тоа како би можеле да се развијат билатералните односи и тоа особено на полето на трговијата и економијата.

„Минатата година остваривме трговски обем некаде од околу 1,5 милијарди долари. Тоа лесно би можеле да го зголемиме на 3 милијарди долари.“ - рече Тој.  

Мевлут Чавушоглу истакна дека туризмот е значаен сектор од аспект ѝ на економските ѝ на човечките односи помеѓу двете земји и го рече следното: „Во 2019 година нашата земја ја посетија приближно 95 илјади ирски туристи. Секако поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) дојде до ограничувања во патувањата, меѓутоа со концептот на безбеден туризам нашата земја ѝ минатата (2020) година ја посетија 15 милиони туристи.“

Појаснувајќи дека со својот ирски колега Симон Коневеј разговарале и за прашања посветени на борбата против Ковид-19, Чавушоглу продолжи со следните зборови. „За да би можеле луѓето да се движат слободно во наредниот период и ние како политичари, раководители, ќе го направиме она што ни претстои нам. Очекуваме да пречекаме поголем број ирски туристи во нашата земја.“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу исто така и се заблагодари на Ирска за поддршката што ја дава на процесот на членството на Турција во Европската унија (ЕУ) уште од почетокот.
 



Слични вести