Чавушоглу: Разговорите помеѓу Турција и Грција во Истанбул беа остварени во крајно позитивна средина
Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во врска со експлораторските (истражувачките) разговори помеѓу Турција и Грција коишто ги окарактеризира како „консултациони разговори“ го рече следното: „Беа остварени во крајно позитивна средина“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анкара се состана со ираскиот министер за надворешни работи и одбрана Симон Ковенеј со кого потоа одржаа и заедничка прес-конференција.
Чавушоглу на едно поставено прашање во врска со експлораторските (истражувачките) разговори помеѓу Турција и Грција коишто ги окарактеризира како „консултациони разговори“ го рече следното: „Беа остварени во крајно позитивна средина.“
Тој рече: „’Консултационите разговори’, со нивното поранешно име ‘експлораторски (истражувачки) разговори’ коишто 5 години како не можеа да се одржат, се реализираа во понеделникот во Истанбул. Нашите другари потоа ни кажаа дека состанокот е остварен во крајно позитивна атмосфера.“
Потсетувајќи дека е одржана 61. рунда разговори, Мевлут Чавушоглу ја изнесе следната констатација: „ Во врска со тоа што беше разговарано претходно, тоа беше разговарано и на овој состанок. Секако не може да се очекува на еден состанок да се решат еден или сите проблеми. Беше значајно да се започне повторно и секако сега на ред е да биде домаќин Грција.“
Чавушоглу напомена дека од одамна постојат прашања во однос на кои не можат да се договорат двете земји и го рече следното: „Да се консултира по прашањето на тоа како ќе се решат тие несогласувања ќе биде полезно во најмала рака засега да се намали тензијата помеѓу двете соседи и во однос на тоа дека можеби во иднина ќе се изнајде трајно решение на овие проблеми.“
Слични вести
