Во операцијата „Ерен-5“ се уништени 53 терористички засолништа и 62 магацини

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во операцијата „Ерен-5“ којашто е започната против сеператистичко-терористичката организација ПКК се уништени и доведени во неупотреблива состојба 52 засолништа и 62 магацини

1572073
Во операцијата „Ерен-5“ се уништени 53 терористички засолништа и 62 магацини

Во рамките на операцијата „Ерен-5“ којашто е започната од страна на Министерството за внатрешни работи против сеператистичко-терористичката организација ПКК, се уништени и доведени во неупотреблива состојба 53 засолништа и 62 магацини.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, продолжува операцијата којашто се води со цел спречување на зимското сместување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а во која учествуваат жандармериски командоси и специјални жандармериски сили (JÖH) на Командата на жандармеријата на градот Мардин, како и и безбедносни чувари.

Во рамките на операцијата се уништени и доведени во неупотреблива состојба 53 засолништа и 62 магацини.

Во овие засолништа и магацини се запленети големи количини експлозив, материјали коишто се употребуваат во производството на експлозив, муниција, организациски документи и материјали за здравство и за обезбедување на животните потреби на терористите.

Операциите „Ерен“ коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата, со поддршка и на народот продолжуваат успешно со верба и одлучност.

 



Слични вести