Претседателот Ердоган: Конечно треба да се каже „стоп“ на непријателството кон исламот и непријателството кон странците

Претседателот Ердоган објави видео-порака по повод 27 Јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот: „Конечно треба да се каже 'стоп' на непријателството кон исламот и непријателството кон странците (исламофобијата и ксенофобијата)“

1572195
Претседателот Ердоган: Конечно треба да се каже „стоп“ на непријателството кон исламот и непријателството кон странците

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави видео-порака на интернет страницата weremember.gov.tr којашто е ставена во примена од страна на Претседателството за комуникации на претседателството, а по повод 27 Јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Претседателот Ердоган истакна дека конечно треба да се каже „стоп“ на непријателството кон исламот и непријателството кон странците (исламофобијата и ксенофобијата) коишто се во подем во светот.

Велејќи дека го согледуваат тоа оти човештвото поминува низ тежок период и дека заедно со епидемијата на новиот тип коронавирус постепено се шири и вирусот на расизмот, Ердоган рече: „Се доживува многу сериозен раст во акциите на насилство врз верските објекти за обред како што се џамиите, синагогите и црквите. Со секој поминат ден растат кривичните дела омраза кон средините во општеството кои се различни по нивната етничка, верска и јазична припадност и нивниот надворешен изглед. Денеска, расистичкиот тероризам е претворен во безбедносна закана која поставува динамит на (ги поткопува) општествениот мир и волјата на луѓето за заедничко живеење (соживот). Од друга страна, немилите настани коишто беа доживеани во минатиот век покажаа какви болки и страдања би можеле да предизвикаат расистичките идеологии.“

Претседателот Ердоган појасни дека холокаустот, извршените геноциди во Босна, Руанда и Камбоџа во кои животот го загубија милиони луѓе претставуваат по еден жив пример којшто ја потсетува меѓународната заедница за нејзината одговорност, а воедно нагласи дека борбата против реториките на омраза не претставуваат обврска само на оштетените, туку тоа претставува заедничка обврска на на сите, на целото човештво.

Укажувајќи дека меѓународната заедница треба да стапи во акција за да не се повторат холокаустот како и трагедиите во Босна, Руанда и Камбоџа, Ердоган рече: „Конечно треба да се каже 'стоп' на непријателството кон исламот и непријателството кон странците (исламофобијата и ксенофобијата) коишто се во подем особено под влијание на дигиталните платформи и медиумите.“

Интернет страницата weremember.gov.tr со доставување на информации, документи и визуелни снимки ќе се раскажува за случувањата за време на холокаустот и извршените геноциди во Руанда, Сребреница и Камбоџа.

Преку оваа интернет страница ќе им се оддели место на пораките на претставниците на Евреите и Ромите кои беа жртва на холокаусот, а воедно ќе може да се има пристап и до пишани извори во врска со геноцидот, како што се написи, книги и сл.



Слични вести