Придонесот на Турција во фондот за градење мир

Фарук Кајмакчи: „За да мировните напори бидат успешни, важна е ефективната употреба на Фондот за градење мир“

1571849
Придонесот на Турција во фондот за градење мир

 

Турција соопшти дека покрај придонесот од еден милион долари во периодот 2016-2020 година на Фондот за градење мир на ОН, ќе пружи сличен придонес за периодот 2021-2024 година.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш организираше „Конференција за посветеност на фондот за градење мир“ за поддршка на националните напори за градење на мир во повеќе од 40 земји во светот.

Заменик министерот за надворешни работи и претседателот на комисијата за односи со Европската унија (ЕУ) Фарук Кајмакчи, кој на состанокот присуствуваше преку видеоконференција рече дека за да мировните напори бидат успешни, важна е ефективната употреба на Фондот за градење мир.

Кајмакчи ја изрази поддршката на Турција на Генералниот секретар на ОН Гутереш и стратегијата на Фондот за градење мир за периодот 2021-2024 за спречување на конфликтите, одржувањето на мирот, хуманитарната помош, родовата еднаквост и мултилатерализмот.

Турција од аспект на мирот и безбедноста доследно придонесува и ќе продолжи да пружа поддршка на мировните мисии на ОН, рече Кајмакчи потенцирајќи дека Турција е прва земја која ги раздвојува политичките работи и одвојува фонд за иновативните единици на мировниот оддел на ОН.

Фарук Кајмакчи додаде дека Турција истовремено е домаќин на 30 различни канцеларии на Он, наведувајќи:

„Ние придонесовме еден милион долари во Фондот за градење мир во периодот 2016-2020 година и ќе дадеме сличен придонес за периодот 2021-2024 година“.



Слични вести