Поддршка на турскиот брод кој беше изложен на пиратски напад

Денес тимот ќе замине на пристаништето Порт Гентил, каде што е закотвен бродот и ќе се качи на бродот

1571892
Поддршка на турскиот брод кој беше изложен на пиратски напад

Тимот за поддршка од 22 лица, составен од претставници на компанијата на бродот „Моцарт“ и морнари, кој беше нападнат во Гвинејскиот Залив, пристигна во Габон.

Во објавата што беше објавена преку профилот на твитер на Амбасадата на Турција во Либревил беше истакнато дека тимот за поддршка составен од 22 лица кој пристогна во Габон беше пречекан од амбасадорката Нилуфер Ердем Кајгисиз .

Во објавата беше истакнато дека денес тимот ќе замине на пристаништето Порт Гентил, каде што е закотвен бродот и ќе се качи на бродот.

Бродот „Моцарт“ кој пловеше под либериско знаме, на 23 јануари, на околу 180 милји од Лагос во Нигерија беше нападнат од морски пирати.

Едно лице од 19-те членови на екипажот на бродот, кој пловеше од Лагос кон јужноафриканскиот град Кејп Таун, акој беше од азербејџанско потекло беше убиено, а 15 членови на екипажот беа киднапирани.

Бродот со 3 члена на екипажот беше закотвен во пристаништето Порт-Гентил во Габон.



Слични вести