Ердоган: „Наскоро до Собранието ќе ги доставиме новите реформски пакети“

Досега во земјата донесовме 10 милиони дози вакцини

1572151
Ердоган: „Наскоро до Собранието ќе ги доставиме новите реформски пакети“

 

Претседателот на државата и лидер на Партијата за правда и развој (АК Партија) Реџеп Тајип Ердоган рече дека наскоро новиот реформски пакет кој што е во фаза на завршување ќе го достават до Големото национално собрание на Турција (ТБММ).

Ердоган присуствуваше на состанокот на пратеничката група на неговата партија во Собранието.

Во говорот во оваа прилика претседателот Ердоган рече:

„Кога пакетот ќе го споделиме со нашата нација, ќе се види дека овие предлози за реформи содржат многу фундаментални и важни регулативи што ќе ја носат нашата земја до 2023 година и понатаму“.

Ердоган во говорот исто така рече дека опсегот на вакцинација против новиот вид коронавирус (Ковид-19) ќе се прошири и што е можно поскоро ќе ја достигне целата целна маса.

„Нашата главна агенда се прашањата на нашата нација“ рече претседателот потенцирајќи:

„Со започнувањето на активностите за вакцинација, влеговме во нова фаза. Досега во земјата донесовме 10 милиони дози вакцини. Голем број земји во светот кои велат дека се развиени, не можат да најдат вакцини. Фала му на Бога, со договорот што го постигнавме донесовме 10 милиони дози од 50 милиони дози за кои имаме постигнато договор“.



Слични вести