Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 132 лица, регистрирани се 7.489 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 132 лица, направени се 179.419 тестирања од кои се регистрирани 675 новозаболени, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 7.489 лица

1572425
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 132 лица, регистрирани се 7.489 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 132 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 25.476 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 179.419 тестирања од кои се дијагностицирани 675 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 7.489 лица.

Заврши лекувањето на уште 8.803 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 331 илјада 314 лица.



Слични вести