Жозеп Борел: ЕУ сака да го продолжи позитивниот моментум со Турција

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на крајот на состанокот на Министрите за надворешни работи на Унијата истакна дека е договорено по прашањето на продолжување на доловениот позитивен моментум со Турција

1570934
Жозеп Борел: ЕУ сака да го продолжи позитивниот моментум со Турција
SUPER_Josep Borrell 02.jpg
SUPER_Josep Borrell 01.jpg

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на одржаната прес-конференција на крајот на состанокот на Министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) информира дека една од точките на дневниот ред беа односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и дека притоа се договориле по прашањето на продолжување на доловениот позитивен моментум со Турција во последните недели.   

Борел рече: „Ги забележавме позитивните пораки и гестови коишто турските власти ги испраќаат од последниот состанок на Европскиот совет (ЕС) наваму.“

Појаснувајќи дека е потврдено значењето на контактите за зацврстување на дијалогот и соработката со Турција, Борел алудирајќи на експлораторските (истражувачките) разговори помеѓу Турција и Грција застана во одбрана на тоа дека решението за морските недоразбирања помеѓу двете земји би можело да се постигне на основа на Конвенцијата на Обединетите нации за морското право (UNCLOS).

Жозеп Борел, беше запрашан за тоа кои се пораките коишто ги доби и даде Европската унија (ЕУ) за време на минатонеделната остварена посета на министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу на главниот град на Белгија, Брисел, во врска со што го рече следното:

„Ги преразгледавме сите прашања коишто создадоа проблеми во нашите односи во 2020 година. И двете страни постигнаа согласност по прашањето на следење подобар пат за нивно надминување, споделување на грижите, заедничко работење и подобро соседство. Чувствувам задоволство од тоа што го велам тоа оти денеска престанаа прашањата коишто ги труеја нашите односи минатото лето и есента. Моментално ги нема турските бродови и активностите за истражување. И двете страни постигнаа согласност за продолжување на овој моментум и негово позитивно искористување, а во име на постигнување на договори.“

„Започнаа прелиминарните експлораторски (истражувачки) разговори помеѓу Турција и Грција. Се надеваме дека на средината или крајот на февруари ќе започнат и преговорите за решавање на Кипарскиот проблем. Во 2020 година сите прашања беа тешки. За создавање на една добра атмосфера е потребна смиреност во однос на сите прашања како што се Кипар и сферите на морска надлежност.“ - рече Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.



Слични вести