Советот за национална безбедност својот прв состанок во 2021 година ќе го одржи на 28 февруари

Советот за национална безбедност (МГК) својот прв состанок под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во новата година, ќе го одржи на 28 февруари

1571428
Советот за национална безбедност својот прв состанок во 2021 година ќе го одржи на 28 февруари

Советот за национална безбедност (МГК) својот прв состанок во новата 2021 година ќе го одржи на 28 февруари под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

На првиот состанок о оваа година се очекува да бидат разгледани случувањата во Источниот Медитеран, активностите на турската армија во Азербејџан, Либија и Сирија, како и стратешки прашања на чело со прашањата посветени на борбата против тероризмот.

Експлораторските (истражувачките) разговори коишто се повторно започнати помеѓу Турција и Грција за разгледување на проблемите во Егејот и Источниот Медитеран, исто така се предвидува да се најдат меѓу значајните точки на дневниот ред на состанокот.

Во тие рамки, се претпоставува дека од прашањата коишто ќе бидат разгледани на состанокот ќе бидат и чекорите кои ќе бидат фрлени во правец на интересите на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран.

На состанокот се очекува да бидат разгледани и сириското прашање и активностите што се водат од страна на турската војска во Азербејџан и Либија и борбата на Турција против терористичките елементи јужно од нејзините граници. 

Освен тоа се предвидува меѓу прашањата за коишто ќе се разговара на состанокот да заземат место и операциите кои се реализираат против сите терористички организации на чело со ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ, како и други регионални и национални безбедносни прашања.

 



Слични вести