Претседателот Ердоган: За разлика од другите земји процесот на Ковид-19 успеавме да го пребродиме со најмалку проблеми

Претседателот Ердоган истакна дека процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во кој дури и во најразвиените земји беа доживеани потресни сцени, Турција успеа да го преброди со најмалку проблеми

1571451
Претседателот Ердоган: За разлика од другите земји процесот на Ковид-19 успеавме да го пребродиме со најмалку проблеми

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на церемонјата на Социјално назначување што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара.

Во говорот што го одржа во оваа пригода, претседателот Ердоган привлече внимание дека Турција со одлучност ја продолжува борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) поради што истакна дека  со преземените чекори по прашањето на вакцинирање почна набрзина да купува вакцини.

Велејќи дека силата на услужната инфраструктура со која располага со Турција се појави уште повеќе во кризните периоди, Ердоган рече: „Во периодот на епидемијата го тестиравме и обемот (инклузивноста) на нашиот систем за социјална поддршка. Во епидемискиот период којшто се доближува до својата прва година не доживеавме одредена здравствена криза којашто би ни причинила поголема болка во срцата. Нашите исплати за штит за социјална заштита коишто изнесуваат повеќе од 46 милијарди лири и со поддршката што ја даваме во една широка сфера, овозможивме нашата земја да се одржи на нозе.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во продолжение го рече следното: „Процесот во кој дури и во најразвиените земји беа доживеани потресни сцени ние успеавме да го пребродиме со најмалку проблеми. Моментално во најразвиените земји во светот постои недостаток од вакцина, ние пак со преземените чекори за вакцинирање почнавме набрзина да ги купуваме нашите вакцини.“

 



Слични вести