Министерот за правда Абдулхамит Ѓул ја прими делегацијата на Комитетот за спречување на тортура

На приемот во Министерството за правда, делегацијата на Комитетот за спречување на тортура (CPT) истакна дека се согледува оти законот број 7242 кој содржи измени во Законот за извршување има позитивни рефлексии над институциите за казна и извршување

1570921
Министерот за правда Абдулхамит Ѓул ја прими делегацијата на Комитетот за спречување на тортура

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул се состана со делегацијата на Комитетот за спречување на тортура (CPT) кој делува во склопот на Советот на Европа.

На приемот во Министерството за правда во Анкара, делегацијата на Комитетот за спречување на тортура (CPT) истакна дека се согледува оти законот број 7242 кој содржи измени во Законот за извршување има позитивни рефлексии над институциите за казна и извршување.

Делегацијата информира дека со задоволство се дочекува и примената со којашто се укинува контактот помеѓу персоналот и осуденикот со пренесување во електронска средина на барањата како што се видео разговор, пребројување, одење на лекар коишто почнаа да се применуваат како пилот-проект, а воедно наведе дека оваа примена може да послужи како пример и за земјите на Советот на Европа.

Делегацијата на Комитетот за спречување на тортура (CPT) при Советот на Европа појасни дека позитивна атмосфера создаваат и реформските активности коишто се ставаат во примена во службите за правда во Турција.



Слични вести