Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов

Чавушоглу и Бајрамов разменија мислења во врска со испраќањето во неговата земја на мртвото тело на азербејџанскиот граѓанин кој го загуби животот во извршениот напад од страна на морските пирати врз бродот „Mozart“ во близина на брегот на Нигерија

1571599
Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Азербејџан во врска со телефонскиот разговор се истакнува дека Чавушоглу и Бајрамов разменија мислења во однос на водењето на координираните активности во врска со испраќањето во неговата земја на мртвото тело на азербејџанскиот граѓанин кој го загуби животот во извршениот напад од страна на морските пирати врз бродот „Mozart“ во близина на брегот на Нигерија.

Инаку, бродот по име „Mozart“ кој пловеше под Либериско знаме, а речиси сите членови на посадата беа турски граѓани на 23 јануари на приближно 180 милји од градот Лагос на брегот на Нигерија беше нападнат од страна на морски пирати.

Притоа беа киднапирани 15 од вкупно 19 членови на посадата кои се наоѓаа на бродот кој пловеше од Лагос кон јужноафриканскиот град Кејптаун, а едно лице азербејџански граѓанин беше убиено.

Бродот со тројца членови на посадата меѓу кои се наоѓаше и четвртиот капетан потоа тргна кон пристаништето Порт-Гентил во Габон.

Мртвото тело на убиениот азербејџански граѓанин вечерва со авион од Габон ќе биде донесено во Истанбул, а потоа утрото ќе биде испратено за Азербејџан.

 



Слични вести