Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.308.721

Во последните 24 часа беа остварени 180.303 тестови, а беа регистрирани 681 ново заболени

1571682
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.308.721

 

Во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Турција животите ги загубија 134 лица.
Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 25.344.
Во последните 24 часа беа остварени 180.303 тестови, а беа регистрирани 681 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 7.103.
Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 8.108 лица, додека бројот на оние кои оздравеа се зголеми на 2.322.511.



Слични вести