Во Турција пристигнаа уште 6,5 милиони дози вакцини против Ковид-19 од Кина

Авионот од типот „Боинг 777“ на Турската авиокомпанија ТХЈ „Туркиш Ерлајнс“ со број на лет „TK 6175“ натоварен со вакцини против Ковид-18 полета од Пекинг и на Истанбулскиот Аеродром слета во 06:15 часот по турско време

1570582
Во Турција пристигнаа уште 6,5 милиони дози вакцини против Ковид-19 од Кина

Авионот со втората пратка вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) коишто се порачани од кинеската компанија „Синовак“ (Sinovac), утрово пристигна на Истанбулскиот Аеродром. 

Авионот од типот „Боинг 777“ на Турската авиокомпанија ТХЈ „Туркиш Ерлајнс“ со број на лет „TK 6175“ натоварен со вакцини против Ковид-18 полета од Пекинг и на Истанбулскиот Аеродром слета во 06:15 часот по турско време.

Контејнерите со вакцини по слетувањето на авионот во Истанбул кој синоќа во доцните часови полета од главниот град на Кина, Пекинг, по цзавршените царински постапки се истоварени од авионот и се префрлени во магацини.

Како што се истакнува, со овој авион се донесени 6,5 милиони дози вакцини кои го сочинуваат првиот дел од втората пратка којашто се состои од 10 милиони дози инактивни вакцини.



Слични вести