Во Истанбул се одржа 61-вата рунда од експлораторските разговори помеѓу Турција и Грција

Турската делегација беше предводена од заменик министерот за надворешни работи Седат Онал и портпаролот на претседателството Ибрахим Калин, додека грчката делегација ја предводеше искусниот амбасадор Павлос Апостилидис

1570685
Во Истанбул се одржа 61-вата рунда од експлораторските разговори помеѓу Турција и Грција

Денеска во работната канцеларија во Долмабахче во Истанбул се одржа 61-вата рунда од експлораторските (истражувачките) разговори помеѓу Турција и Грција.

Турската делегација беше предводена од заменик министерот за надворешни работи Седат Онал и портпаролот на претседателството Ибрахим Калин, додека грчката делегација ја предводеше искусниот амбасадор Павлос Апостилидис. 

Експлораторските (истражувачките разговори) коишто се одржуваат за подготвување на основата за „праведно, трајно и сеопфатно“ решение за проблемите во Егејот коешто ќе биде прифатено и од двете страни, започнаа на 12 март 2002 година во Анкара.

До 2016 година помеѓу страните беа остварени 60 рунди разговори. Последната 60-тата рунда од овие разговори се одржа на 1 март во 2016 година во главниот град на Грција, Атина, помеѓу потсекретарите на министерствата за надворешни работи на двете земји.

По тој датум поради безволниот став на тогашната влада на грчка Влада разговорите беа суспендирани и продолжија во формат на политички консултации, меѓутоа не  можеа да бидат вратени на експлораторска (истражувачка) рамка.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 11 јануари ја покани Грција на експлораторски (истражувачки) разговори и со тоа уште еднаш го изнесе ставот на Турција на страната на дијалогот, соработката и решението.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис исто така на 20 јануари ја даде пораката дека се спремни за разговори со „оптимизам и самодоверба“.

 



Слични вести