Министерот Донмез: Бродот за дупчење „Фатих' одбројува денови за почнување со сондажа во Туркали-1

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека бродот за дупчење „Фатих' одбројува денови за почнување со сондажа во лежиштето Туркали-1 во Црното Море

1570664
Министерот Донмез: Бродот за дупчење „Фатих' одбројува денови за почнување со сондажа во Туркали-1

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека бродот за дупчење „Фатих“ своите работи за сондажа во лежиштето Туркали-1 во Црното Море ќе ги започне во почетокот на месец февруари.

Министерот Донмез беше гостин во програмата на еден телевизиски канал при што потсети дека минатата година во Црното Море се пронајдени повеќе од 405 милијарди кубни метри природен гас.

Велејќи дека се започнати работите за сондажа во лежиштето Туркали-1 во Црното Море, Донмез рече: „За една недела или 10 дена, најдоцна во почетокот на февруари нашиот брод за сондажа 'Фатих' ќе почне со сондажа во лежиштето Туркали-1. Овде работиме во длабоко море, длабочината на морето е приближно 2 илјади метри. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола пронајдениот гас во гасното поле Сакарја во 2023 година ќе го приклучиме кон системот за дистрибуција во Филјос во Турција.“

Осврнувајќи се и на активностите на Турција во Источниот Медитеран, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека во овој регион за приближно 2 години се реализирани 8 сондажи.

 



Слични вести