Лансиран домашниот сателит „АСЕЛСАТ 3U Cube“

Фотографиите и снимките  коишто ќе се добијат со камерата ќе се преземат од страна на земјата станица

1570355
Лансиран домашниот сателит „АСЕЛСАТ 3U Cube“

 

Претседателот на Управата за одбранбена индустрија на претседателството Исмаил Демир рече дека денес со ракетата на „SpaceX“ успешно беше лансиран сателитот ASELSAT 3U Cube кој ќе функционира во својата орбита.

Демир преку својот профил на Твитер сподели објава во врска со сателитот ASELSAT 3U Cube.

Исмаил Демир во својот пост наведе:

„Сателитот „ASELSAT 3U Cube“, развиен од ASELSAN во заедничка соработка со Истанбулскиот технички универзитет за научни цели во рамките на соработката меѓу универзитетите и индустрискиот сектор со домашни и национални можности, со ракетата на SpaceX беше успешно испратен на орбитата каде ќе работи.

Демир изјави дека АСЕЛСАТ фотографиите и снимките  коишто ќе се добијат со камерата ќе се преземат од страна на земјата станица и со посредство на дигиталната картичка ќе се собираат статистички податоци за вселенската средина, а истовремено им честиташе на сите што придонесоа во остварувањето на проектот.



Слични вести