Ердоган: „Турција постигна напредок во сите области“

Сето она што постигнавме досега, го постигнавме заедно со народот

1570552
Ердоган: „Турција постигна напредок во сите области“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција постигна напредок во сите области.

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија) Ердоган на 7-от редовен конгрес на градските ограноци на АК партијата во Денизли, Мерсин, Ушак учествуваше со видео конференција од седиштето на партијата во Истанбул.

Ердоган во говорот во оваа прилика ја изнесе својата гордост од сето она што го направија во последните 18 години потенцирајќи дека сето тоа  многу повеќе од она што е направено досега во историјата на Републиката.

Ердоган наведе дека постигнале напредок во сите области и придонесоа Турција да прескокне една епоха.

„Го зајакнавме угледот на нашата земја со чесни и одлучни политики, од борба против терористичките организации до обезбедување на безбедноста на нашите граници и подавање рака на сите угнетени. Го зголемивме и подобривме квалитетот на животот на секој наш граѓанин. Зад нашиот успех се наоѓа оваа гордост“.

Нагласувајќи дека сè што направиле досега, сториле заедно со народот Ердоган говорот го продолжи со следните зборови:

„Сето она што постигнавме досега, го постигнавме заедно со народот. Постигнувањето на предвидените цели на Турција во 2023 (100-та годишнина од основањето на Република Турција), визијата за 2053 година ќе ги постигнеме заедно со нашата нација. Местото на извршувањето на политиката чиј субјект е човекот е душата и срцето на сите 83 милиони граѓани на Турција. Најпрвин ќе ги освоиме срцата на нашите граѓани, а потоа ќе бараме гласови“.



Слични вести