Ердоган оствари телефонски разговор со киднапираниот капетан

Интензивно продолжуваат напорите за спасување на киднапираниот персонал.

1570212
Ердоган оствари телефонски разговор со киднапираниот капетан

 

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган оствари нов телефонски разговор со Фуркан Јарен, еден од капетаните на бродот, кој беше нападнат од страна на пирати пред крајбрежјето на Нигерија.

Според соопштението обајвено од Директоратот за комуникации на претседателскиот кабинет, Ердоган кој внимателно ги следеше сите случувања на оваа тема, доби информации за здравствениот состојба на 3-те членови на екипажот кои го преживеаа нападот на бродот закотвен во Габон и им ги пренесе своите желби за побрзо оздравување.

Претседателот Ердоган рече дека интензивно продолжуваат напорите за спасување на киднапираниот персонал.

Од друга страна, турскиот амбасадор во Либрвил Нилуфер Ердем Кајгисиз оствари средба со тројца членови на екипажот на турскиот брод за пренесување контејнери „Моцарт“ кој беше киднапиран од пиратите.

Бродот „Моцарт“ кој пловеше под либиско знаме вчера на околу 180 милји од брегот на нигерискиот град Лагос беше нападнат од пирати.

Еден од 19-те членови на екипажот на бродот, кој пловеше од нигерискиот град Лагос за јужноафриканскиот град Кејптаун, по потекло беше од Азербејџан и беше убиен, а 15 лица беа киднапирани.

Тројцата преживеани вчера бродот го закотвија во пристаништето Гентил во Габон.



Слични вести