Чавушоглу: „Сеуште нема информации од пиратите за киднапираните морнари“

Досега сè уште нема никакви информации од пиратите

1570585
Чавушоглу: „Сеуште нема информации од пиратите за киднапираните морнари“

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Сеуште нема информации од пиратите за киднапираните морнари“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека пиратите сè уште не контактирале со никого во врска со екипажот на на киднапираниот брод во Гвинејскиот Залив.

Мевлут Чавушоглу, пред Големото Национално Собрание на Турција (ТБММ) одржа прес конференција.

Чавушоглу во изјавата на прес конференцијата рече:

„Беше извршен напад врз нашите граѓани. 15 наши граѓани беа киднапирани од страна на пиратите. Бродот е чист, немаме никакви безбедносни проблеми. Здравствената состојба на еден наш граѓанин кој беше повреден е добра“.

Нагласувајќи дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган уште од самиот почеток активно го следи процесот, Чавушоглу рече:

„Досега сè уште нема никакви информации од пиратите. Контактиравме со сите земји во регионот “.

Турскиот брод „Моцарт“ кој пловеше под либериско знаме, вчера беше нападнат од поморски ајдути, на околу 180 милји од брегот на Лагос, Нигерија.

Еден од 19-те членови на екипажот на бродот, кој се пловеше од нигерискиот град Лагос за Кејптаун во Јужна Африка, беше убиен, а 15 лица беа киднапирани. Убиеното лице по потекло беше од Азербејџан

Тројцата преживеани вчера бродот го закотвија во пристаништето Гентил во Габон.



Слични вести