Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 137 лица, регистрирани се 5.642 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 137 лица, направени се 151.109 тестирања од кои се регистрирани 671 новозаболен, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.642 лица

1570799
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 137 лица, регистрирани се 5.642 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 137 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 25.210 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 151.109 тестирања од кои се дијагностицирани 671 новозаболен.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.642 лица.

Заврши лекувањето на уште 6.682 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 314 илјади 403 лица.



Слични вести