Бојко Борисов: Свесни сме за миграцискиот товар што го носи Турција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во својата канцеларија го прими министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој кој допатува во еднодневна посета на Бугарија

1570804
Бојко Борисов: Свесни сме за миграцискиот товар што го носи Турција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов  истакна дека се свесни за миграцискиот товар со којшто се соочува Турција која на своите територии загрижува 3,7 милиони нерегуларни мигранти (бегалци) и дека им придаваат вредност на овие нејзини напори. 

Според објавеното писмено соопштение од бугарската Влада, премиерот Бојко Борисов денеска во својата канцеларија го прими министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој кој допатува во еднодневна посета на Бугарија. 

Во оваа пригода, Борисов потсети дека Турција е близок пограничен сосед и НАТО сојузник на Бугарија, а воедно истакна дека Турција е "клучен партнер" во нерегуларната миграција, борбата против тероризмот, енергијата, земјоделството, сточарството, трговијата, економијата и во уште бројни сфери.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов исто така нагласи дека неговата земја инсистира по прашањето Европската унија (ЕУ) постојано да го држи отворен дијалогот со Турција.

 



Слични вести