Алтун: „Запад треба да престане да ги шири лагите на ХДП/ПКК и да ја каже вистината“

Снимките и фотографиите пружаат нов доказа за односот меѓу ПКК која од страна на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ) се смета за терористичка организација и ХДП

1570255
Алтун: „Запад треба да престане да ги шири лагите на ХДП/ПКК и да ја каже вистината“

 

Директорот за комуникации на претседателството Фахретин Алтун го повика Запад да престане да шири лаги за сепаратистичко-терористичката организација ПКК и официјалните претставници на Демократската партија на народите (ХДП).

Фахретин Алтун ја сподели снимката снимена во Дирекцијата на окружниот огранок на партијата во Есенјурт, каде што беа обесени постери на лидерот на сепаратистичката терористичка организација Абдула Оџалан,

„Запад треба да престане да ги шири лагите на ХДП/ПКК и да ја каже вистината“.

Алтун во објавата на англиски јазик преку профилот на Твитер ги сподели снимките од операцијата што беше извршена на зградата на окружниот огранок на партијата во Есенјурт.

Снимките и фотографиите пружаат нов доказа за односот меѓу ПКК која од страна на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ) се смета за терористичка организација и ХДП, рече Алтун потенцирајќи дека десетици илјади лица, вклучително и деца, заедно со ограноците во Сирија и други места, беа жртви на тероризмот на ПКК.

Фахретин Алтун посочи дека ПКК извршила многу терористички напади, вооружи деца и пушти на слобода илјадници терористи ДАЕШ од затворите за да го уценува светот.

„Одбивајќи да ги осудат овие подли напади, функционерите на ХДП ги величат терористите, вклучително и бомбашите самоубијци и се однесуваат како членови на ПКК. Затоа курдските мајки протестираат пред зградата на окружниот огранок на ХДП во Дијарбакир. Запад мора да престане да ги шири лагите на ХДП/ПКК и да ја каже вистината“.



Слични вести