Во Турција првата доза вакцина против Ковид-19 ја примија повеќе од 1 милион 200 илјади лица

Во Турција во рамките на националната стратегија за вакцинација првата доза вакцина против Ковид-19 ја примија повеќе од 1 милион 200 илјади лица

1569770
Во Турција првата доза вакцина против Ковид-19 ја примија повеќе од 1 милион 200 илјади лица

Во Турција повеќе од 1 милион 200 илјади лица ја примија првата доза вакцина против Ковид-19

Првата доза на вакцината CoronaVac којашто во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) беше раздадена во 82 град (округ или вилает) во Турција и почна да се применува на 14 јануари, досега ја примија повеќе од 1 милион 200 илјади турски граѓани.

По издаденото одобрение за итна употреба од страна на Институцијата за лекови и медицински уреди на Турција (TİTCK) првата вакцина „КоронаВак“ (CoronaVac) на 13 јануари во Градската болница во Анкара ја прими министерот за здравство Фахреттин Коџа.

Потоа беа вакцинирани и членовите на Научниот совет за коронавирусот.

Потоа во рамките на "Националната стратегија за применување на вакцината против Ковид-19" на 14 јануари почна да се врши вакцинација на територијата на целата земја и истиот ден беше вакциниран и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Првиот ден на 14 јануари беа вакцинирани 285 илјади здравствени работници, а вториот ден оваа бројка се зголеми на над 500 илјади.

На 20 јануари, седмиот ден од процесот на вакцинација бројот на лицата кои ја примија првата доза вакцина надмина 1 милион.

Вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во рамките на националната стратегија за применување со цел брзо вакцинирање на приоритетните групи граѓани по брза постапка беа доставени до сите делови на 82 град (округ вилајет) низ Турција.

Во тие рамки бројот на лицата кои ја примија досега првата доза вакцина на територијата на цела Турција изнесува повеќе од 1 милион 200 илјади.

 



Слични вести