Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани 7 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во населеното место Азез во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани 7 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1569823
Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани 7 терористи

Во населеното место Азез во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер е соопштено дека терористи отворија провоцирачки оган со хаубици врз населеното место Азез. 

Во соопштението се истакнува дека со отворениот против ога со артилериски орудија се неутрализирани 7 терористи членови на ПКК/ЈПГ кои го реализираа провоцирачкиот оган со хаубици врз Азез. 

Во отворениот оган се уништени и местата за засолнување и рововите од каде терористите го реализираа нападот.

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС) со прекуграничната операција Еуфратски штит што ја започнаа заедно со Слободната сириска армија (ССА) на 24 август 2016 година и беше завршена на 31 март 2017 година ја воспоставија пограничната безбедност .

Како резултат на оваа операција беа ослободени од терористичката организација ДЕАШ областите на Џераблус, Чобанбеј, Дабик, Маре, Азез, Ал-Баб, Биза'а и Кабасин во северниот дел на Сирија.

 



Слични вести