Турција и Грција по изминати 5 години се враќаат на преговарачката маса

Утре погледите ќе бидат свртени кон Истанбул кадешто по изминати 5 години ќе се одржи 61'та рунда од експлораторските (истражувачките) разговори помеѓу Турција и Грција

1569989
Турција и Грција по изминати 5 години се враќаат на преговарачката маса

Турција и Грција по изминати 5 години повторно седнуваат на маса. 

Утре погледите ќе бидат свртени кон Истанбул кадешто ќе се одржи 61'та рунда од експлораторските (истражувачките) разговори со Грција.

На разговорите ќе бидат разгледани проблемите во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 11 јануари ја покани Грција на експлораторски (истражувачки) разговори и со тоа уште еднаш го изнесе ставот на Турција на страната на дијалогот, соработката и решението.

За кусо време пристигна одговор на повикот на Чавушоглу за утврдување на датумот на преговорите помеѓу делегациите на двете земји за кои претходно информираше дека Турција ќе биде домаќин на преговорите.

По остварените разговори помеѓу министерствата за надворешни работи на Турција и Грција беше одлучено 61-та рунда од експлораторски (истражувачките) разговори да се одржат на 25 јануари во Истанбул.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис исто така на 20 јануари ја даде пораката дека со оптимизам и самодоверба ќе учествуваат на експлораторските (истражувачките) разговори.

Првите експлораторски (истражувачки) разговори помеѓу Турција и Грција се одржаа во 2002 година во Анкара, помеѓу потсекретарите на министерствата за надворешни работи на двете земји.

До 2016 година помеѓу страните беа остварени 60 рунди разговори. Последната 60'та рунда од овие разговори се одржа на 1 март во 2016 година во главниот град на Грција, Атина. 

По тој датум поради безволниот став на тогашната влада на грчкиот премиер Алексис Ципрас разговорите беа суспендирани и продолжија во формат на политички консултации, меѓутоа не не можеа да бидат вратени на експлораторска (истражувачка) рамка.

 



Слични вести