Состанок за надворешната политика под претседателство на претседателот Ердоган

На состанокот беа разгледани регионалните случувања на чело со Источниот Медитеран, Либија, Нагорно Карабах и Сирија, а беше разговарано и за чекорите со коишто ќе бидат зајакнати односите со Европската унија (ЕУ)

1569760
Состанок за надворешната политика под претседателство на претседателот Ердоган

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган претседаваше со состанокот за проценка на надворешната политика што се одржа синоќа во дворецот Вахдеттин во Истанбул.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, на состанокот беа разгледани регионалните случувања на чело со Источниот Медитеран, Либија, Нагорно Карабах и Сирија, а беше разговарано и за чекорите со коишто ќе бидат зајакнати односите со Европската унија (ЕУ).

На состанокот беше направена проценка на актуелната состојба во надворешната политика во бројни прашања од билатералните односи со различни земји до глобалните случувања и притоа беше нагласено дека Турција по пат на дипломатија и дијалог ќе продолжи со одлучност да ги презема чекорите со коишто исто како и во секоја сфера ќе го зголеми своето влијание и во надворешната политика, ќе ги одбрани своите права и интереси и ќе го зголеми својот углед.

На состанокот, освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателството Ибрахим Калин.



Слични вести