Бродот за дупчење „Фатих“ пристигна на својата нова локација лежиштето Туркали-1 во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека бродот за дупчење „Фатих“ пристигна на својата нова локација за сондажа во лежиштето Туркали-1 во Црното Море

1569918
Бродот за дупчење „Фатих“ пристигна на својата нова локација лежиштето Туркали-1 во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека бродот за дупчење „Фатих“ пристигна на својата нова локација за сондажа во лежиштето Туркали-1 во Црното Море.

Министерот Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Нашиот брод за дупчење 'Фатих' кој синоќа отплови од пристаништето Филјос пристигна во лежиштето Туркали-1, неговата нова станица во Црното Море. Нашиот брод по подготовките ќе ги започне своите активности во гласното поле Сакарја. Фатихот (освојувачот) на Црното Море ги продолжува непрекинато своите активности.“

Првиот домашен брод на Турција за дупчење (сондажа) „Фатих“ на 18 јануари за 77 дена успешно ги заврши своите активности во Туркали-1 кое е првото утврдено лежиште со длабоко поморско дупчење по пронајдениот природен гас во гасното поле Сакарја во Црното Море.

 



Слични вести