Започната нова антитерористичка операција „Ерен-3 планина Агри“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на планината Агри е започната е нова антитерористичка операција „Ерен-3 планина Агри“

1569483
Започната нова антитерористичка операција „Ерен-3 планина Агри“

Започната е нова антитерористичка операција „Ерен-3 планина Агри“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека со учество на 1.040 припадници на безбедносните сили е започната нова антитерористичка операција „Ерен-3 планина Агри“.

Првата од операциите насловени како „Ерен“ беше започната на планината Тендурек во подрачјето на градот Агри, а втората во Лиџе кај градот Дијарбакир.

Со цел целосно елиминирање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите кои се засолнуваат во ова подрачје, серијата операции „Ерен“ продолжуваат да се реализираат во подрачјето на планината Агри.

Во новозапочнатата операција „Ерен-3 планина Агри“  учествуваат 1.040 припадници на безбедносните сили составени од 59 оперативни тимови од жандармериски командоси, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили PÖH) и безбедносни чувари.

 



Слични вести