Во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во областа Хакурк во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1569506
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека на ефикасен и одлучен начин продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се вели дека со реализирана воздушна операција во областа Хакурк во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на ПКК кои се утврдени со помош на летала за извидување и набљудување.



Слични вести