Свечено им се предадени на Турските вооружени сили 3 нова генерација хаубици „Фиртина“

Со церемонија на која учествуваше и министерот за национална одбрана Хулуси Акар свечено им се предадени на Турските вооружени сили (ТВ) 3 нова генерација хаубици „Фиртина“

1569512
Свечено им се предадени на Турските вооружени сили 3 нова генерација хаубици „Фиртина“

3 нова генерација домашни и национални хаубици „Фиртина“ им се предадени на Турските вооружени сили (ТВС) со церемонија на која учествуваше и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Министерот Акар во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар и заменик министерот за национална одбрана Мухсин Дере, вчера беше во посета и обиколка на Дирекцијата на Првата Фабрика за главно одржување во Анкара.

Акар ја посети и Фабриката БМЏ во кампусот Арифије на Министерствто за национална одбрана и во говорот што го одржа овде нагласи дека укинувањето на зависноста од надвор на чело со одбранбената индустрија е од животно значење.  

Велејќи дека со претенциозните работи коишто се реализираат под лидерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се фрла потпис на значајни успеси во одбранбената индустрија, Хулуси Акар ги прошета и оклопните возила произведени од страна на „БМЏ“.

Притоа со церемонијата за ставање потпис што се одржа овде, беше реализирано свеченото предавање на Турските вооружени сили (ТВС) на 3 нова генерација домашни и национални хаубици „Фиртина“.

Акар привлече внимание дека за армиите освен персоналот меѓу значајните елементи се наоѓа и силата на маневар и огнената моќ.

Тој рече: „Хаубиците Фиртина се оружја коишто се докажале себе си по ова прашање. Тоа се оружја коишто ги користевме во применувањата што ги реализиравме досега. Крајно сме задоволни. Уште отсега би можеле да бидете сигурни дека турските војници Мехметчик ќе реализираат многу позначајни работи со развиената верзија.“

По церемонијата на ставање потпис, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и воените команданти ја следеа демонстрацијата на сила со возење и презентирање на способностите на оклопните возила произведени од страна на Фабриката „БМЏ“.

 



Слични вести