Претседателот Ердоган: Воената, економската и дипломатската моќ повеќе од избор се неопходност за нас

Претседателот Ердоган истакна дека да се биде моќен од воен, економски и дипломатски аспект повеќе од избор претставува неопходност (задолжителност) за Турција

1569622
Претседателот Ердоган: Воената, економската и дипломатската моќ повеќе од избор се неопходност за нас
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Командата на бродоградилиштето во Истанбул учествуваше на џеремонијата на свечено спуштање во морето на фрегатата „Истанбул“ (Ф-515) како петти брод на Проектот Национален брод (МИЛГЕМ) и првото заварување на третиот брод на Проектот МИЛГЕМ за изградба на корвета за Пакистан.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека да се биде моќен од воен, економски и дипломатски аспект повеќе од избор претставува неопходност (задолжителност) за Турција.

Ердоган рече: „Ги испраќам моите поздрави и мојата љубов до моите пакистански браќа со кои сме еднакви во радоста и жалоста. Братството меѓу Турција и Пакистан кое од историјата е дојдено до денеска, го носиме уште за еден чекор на напред. Соработката помеѓу двете земји ќе продолжи да зајакнува во секоја сфера. Знаеме дека имаме еден многу сериозен потенцијал особено во сферата на одбранбената индустрија.“

Претседателот Ердоган истакна дека народите кои не се силни во одбранбената сфера и кои не се доволни од аспект на својата независност и технолошки, не е можно да гледаат со доверба кон својата сопствена иднина.

Велејќи „Турција ѝ мора да ја загарантира својата национална безбедност ѝ за да би можела да ги одбрани правата на своите пријатели, својата сила на одвраќање мора да ја држи на највисоко ниво“, Ердоган рече: „Да се биде моќен од воен, економски и дипломатски аспект повеќе од избор претставува неопходност (задолжителност) за нас.“

„Ние сме народ кој располага со свои претенциозности, цели, кој располага со збор во однос на текот на светот“, рече претседателот Ердоган и продолжи со следните зборови: „Во одбранбената индустрија во 2002 година беа водени само 62 проекти, додека денеска оваа бројка се доближи до 700. Дојдовме во состојба на земја која во копнените и поморските средства заедно со своите сопствени потреби ги обезбедува потребите и на пријателските и сојузничките земји. Се наоѓаме меѓу 10'те земји кои го дизајнираат и градат својот сопствен воен брод и ја обезбедуваат сопствената егзистенција.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека наоружаните, ненаоружаните беспилотни летала коишто се произведуваат со домашни можности, се следат со завист во целиот свет и го рече следното: „Успехот на работите коишто се реализирани досега го должиме на развојот на соработката меѓу нашите институции.“

Нагласувајќи дека Турција е во положба на земја која можеше да ги надмине со сопствена моќ тешкотиите коишто ги создаваат и тајните и отворени ембарга коишто ги применуваат глобалните снабдувачи, Ердоган рече: „Во било која сфера нашиот прв приоритет е меѓу еквивалентните производи и проекти да ги избереме нашите сопствени фирми, нашите национални институции.“

Велејќи „Во одбранбената индустрија не ги обезбедуваме само недостатоците од минатото, истовремено се подготвуваме и за иднината“, претседателот Ердоган рече: „Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) со 5 големи проекти коишто за 5 години ќе ги ставиме во услуга, нашата флота ќе ја доведеме во многу силна положба.“

„Ѓокдениз, првата поморска верзија на системот за воздушна одбрана со мала надморска височина, за прв пат ќе го внесеме во инвентарот заедно со фрегатата Истанбул.“ - порача претседателот Ердоган. 

 



Слични вести