Министерот Хулуси Акар: Она што го очекуваме од Грција е да покажува почит кон нашите права

Министерот Хулуси Акар: Она што го очекуваме од Грција е да покажува почит кон нашите права

1569640
Министерот Хулуси Акар: Она што го очекуваме од Грција е да покажува почит кон нашите права

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во Командата на бродоградилиштето во Истанбул учествуваше на џеремонијата на свечено спуштање во морето на фрегатата „Истанбул“ (Ф-515) како петти брод на Проектот Национален брод (МИЛГЕМ).

Министерот Хулуси Акар истакна дека се надеваат оти со разговорите коишто ќе се остварат со Грција прашањата ќе бидат разгледани во рамките на правдата, правото и правичноста и на тој начин ќе се постигне соодветно решение.

Подвлекувајќи дека особено секогаш се на страната на пријателството и добрососедските односи со Грција, министерот за национална одбрана Хулуси Акар својот говор го продолжи со следните зборови: "Со разговорите коишто ќе ги реализираме меѓусебно се надеваме дека прашањата ќе бидат разгледани во рамките на правото, правдата и правичноста и дека ќе се постигне соодветно решение. Во Егејското Море коешто е полу затворено море кадешто владеат посебни географски услови нашата земја располага со права и интереси од животно значење. Познат е нашиот став по прашањето на тоа дека територијалните води во ова море не треба да се прошируваат еднострано на начин на којшто ќе се ограничи слободата на патување, ѝ на нашата земја, ѝ на трети земји и ќе се ограничи нивниот пристап до отворено море. Не постои одредена промена во нашиот став. Во овие рамки, нашето очекување од нашиот сосед е да покажува почит кон правото, правдата на Турција во Егејот и Источниот Медитеран и веќе да се откаже и избегнува од изјави и активности коишто би можеле да станат причина за одредени погрешни разбирања."

 



Слични вести