Ердоган: Пандемијата и покрај тоа што создаде различни тешкотии отвора и нови прозорци на можности за нашиот деловен свет

Претседателот Ердоган истакна дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и покрај тоа што создаде различни тешкотии и проблеми отвори и нови прозорци на можности пред деловниот свет

1569481
Ердоган: Пандемијата и покрај тоа што создаде различни тешкотии отвора и нови прозорци на можности за нашиот деловен свет
Cumhurbaşkanı Erdoğan TÜGİK Kabul2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера вечер говореше на приемот на членовите на Управниот одбор на Конфедерацијата на младите бизнисмени на Турција (ТУГИК или TÜGİK) кадешто истакна дека 2020 година поради пандемијата заедно со целиот свет помина со тешкотии и во Турција, но дека заедно со тоа во периодот на пандемијата покрај силната инфраструктура на здравството многу отворено и јасно е согледано и значењето на производството, истражувањето и развојот, извозот, трговијата и разноликувањето на пазарот и производите.

Претседателот Ердоган напомена дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и покрај тоа што создаде различни тешкотии и проблеми отвори и нови прозорци на можности пред деловниот свет.

Нагласувајќи дека турските фирми со своите квалитетни производи, конкурентни цени и доверливоста ги оставија и тоа со голема разлика зад себе своите ривали, Ердоган рече: „Минаттаа година во извозот успеавме да ја затвориме со бројка од 169,5 милијарди долари што изнесува над 5 милијарди долари од поставената цел во среднорочната програма. Делот на нашата земја во глобалниот извоз, заклучно со податоците за јануари-октомври минатата (2020) година за прв пат надминувајќи 1 отсто се искачи на ниво од 1,03 отсто. Нашата бројка на извозници надмина 87.400 и бројот на нашите фирми кои минатата година за прв пат реализираа извоз регистриран како 18.123.“

Претседателот Ердоган истакна дека бројот на формираните фирми во земјата во 2020 година и покрај пандемијата со раст од 20 отсто достигна до 101.318.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека ќе бидат фрлени сите неопходни чекори за воспоставување на средина во која ќе биде уште повеќе подобрена средината на инвестирање, уште повеќе ќе се зголеми  предвидливоста, ќе бидат исполнети во уште повисок степен очекувањата на инвеститорите.

 



Слични вести