Ердоган: „До крајот на 2023 планираме да завршиме 150 подземни брани“

Се надевам дека во Дијарбакир нема да оставиме ниту еден сантиметар земја без вода

1569660
Ердоган: „До крајот на 2023 планираме да завршиме 150 подземни брани“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека до 2023 година (100-та годишнина од основањето на Република Турција) имаат за цел да ја завршат изградбата на 150 подземни брани.

Ердоган на церемонијата што се одржа по повод пополнувањето на телото на браната Дијарбакир-Силван какко и на церемонијата на отворање на браната Ергани, браната Башлар и пречистителната станица за вода за пиење Ергани учествуваше преку видео конференција од палатата Вахдетин во Истанбул.

Осврнувајќи се на важноста за искористување на постојните ресурси на најефикасен начин, Ердоган во говорот на церемонијата рече:

„Нашата цел е да ги завршиме тековните работи на 150 подземни брани до 2023 година“.

Нагласувајќи дека браната Силван планираат да ја завршат до крајот на следната година и да започнат да со задржување вода, Ердоган рече:

„Се надевам дека во Дијарбакир нема да оставиме ниту еден сантиметар земја без вода. Проектот „Силван“ е гигантски проект кој заедно со браната„ Силван“ од која завршија три четвртини полнење на карпестиот насип, вклучувајќи ги 8-те одделни брани и 23 објекти за наводнување, ќе наводнува површина од 2 милиони 360 илјади декари.

Браната Ергани е објект кој има волумен на складирање од 14,5 милиони кубни метри, ќе наводнува скоро 19 илјади декари земја и ќе обезбеди вработување за приближно 2 илјади 500 луѓе“.

Ердоган во продолжение рече Дијарбакир кој уште од античко време е е гнездо на знаење и мудрост, порта на цивилизација и просперитет на областа, во оваа нова ера исто така ќе продолжи да биде еден од водечките градови во Турција.



Слични вести