Чавушоглу: „Визната либерализација за турските граѓани е ветување кое треба да се одржи“

Првото прашање од наша гледна точка е прекин на поддршката за сепаратистичко-терористичката организација ПКК / ЈПГ од страна на западните земји

1569532
Чавушоглу: „Визната либерализација за турските граѓани е ветување кое треба да се одржи“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека визната либерализација на Европската унија (ЕУ) за турските граѓани е ветување што треба да се спроведе.

Чавушоглу на прес конференцијата направи проценка на средбите и разговорите во Брисел (што ги одржа во текот на неделата).

Мевлут Чавушоглу се состана со Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика како и некои членови на Комисијата на ЕУ.

Вториот ден од посетата министерот Чавушоглу имаше средби со известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Турција Начо Санчез Амор, претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Чавушоглу за весниците оценувајќи ги средбите во Брисел рече:

„Самитот на ЕУ во декември го видовме како подадена рака кон нас. Реформите ќе придонесат за создавање позитивна атмосфера“.

В во врска со визната либерализација, Чавушоглу рече:

„Иако е тешко, тоа е ветување кое мора да се спроведе“.

Наведувајќи дека треба да се ажурира Договорот за царинска унија, Чавушоглу рече:

„Првото прашање од наша гледна точка е прекин на поддршката за сепаратистичко-терористичката организација ПКК / ЈПГ од страна на западните земји“.

Во врска со и снабдувањето на Турција со системот за противвоздушна одбрана С-400 од Русија кој настан предизвика напнатост Соединетите Американски Држави (САД), Чавушоглу рече:

„На средбите потсетивме на нашиот предлог за формирање комисија под покривот на НАТО е валиден. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг гледа позитивно на овој предлог доколку го прифатат и се согласат САД“.

Осврнувајќи се на прашањето за активности за истражување на јаглеводороди во Источен Медитеран, Чавушоглу потсети дека Турција се залага за праведно споделување на истите и во тој контекст рече:

„Затоа мораме да бидеме прагматични. Треба да ги споиме двете страни (Турска Република Северен Кипар и Грчко-кипарскиот сектор). И свете страни треба да присуствуваат на состаноците. Може да се одржат посебни состаноци во посебен формат“.



Слични вести