Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 144 лица, бројот на новозаболени опадна на 723

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 144 лица, направени се 152.758 тестирања од кои се регистрирани 723 новозаболени, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.856 лица

1569687
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 144 лица, бројот на новозаболени опадна на 723

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 144 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 24.933 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 152.758 тестирања од кои се дијагностицирани 723 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.856 лица.

Заврши лекувањето на уште 5.811 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 301 илјада 861 лице.

 



Слични вести