Претседателот Ердоган преку видео-порака учествуваше на отворањето на центарот на ОЕЦД во Истанбул

Претседателот Ердоган истакна дека е доближено за уште еден чекор до целта Истанбул да биде доведен во центар на меѓународните организации

1569204
Претседателот Ердоган преку видео-порака учествуваше на отворањето на центарот на ОЕЦД во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на приредената програма по повод свеченото отворање на Центарот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Истанбул се обрати преку испратена видео-порака.

Претседателот Ердоган истакна дека е доближено за уште еден чекор до целта Истанбул да биде доведен во положба на центар од аспект на меѓународните организации.

„Се доближуваме за уште еден чекор до нашата цел да го доведеме Истанбул во положба на центар од аспект на меѓународните организации на чело со Обединетите нации (ОН). Со посредство на Центарот на ОЕЦД во Истанбул ќе ја доловиме можноста да придонесеме уште повеќе во работите на организацијата кон широки простори.“ - рече Тој.

Велејќи дека Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) реализира активности ѝ во борбата против пандемијата ѝ во решавањето на економските и социјалните проблеми предизвикани од пандемијата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Центарот на ОЕЦД во Истанбул во овој процес (пандемијата) ѝ ќе биде во услуга на стратегијата на организацијата насочена кон заедничките земји ѝ ќе води напори (ќе се залага) во правец на зајакнување на трговските и инвестициските односи со земјите кои не се членки. Посакуваме центарот да преземе централна улога во вистинска смисла на зборот во активностите на ОЕЦД. Центарот на ОЕЦД во Истанбул во комуникација со Париз очекуваме да нуди услуга во еден многу широк простор.“

Во програмата се приклучи преку видео-конференција и министерката за трговија Рухсар Пекџан која истакна дека со формирањето на Центарот на ОЕЦД во Истанбул е започнат еден нов период во односите меѓу Турција и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Министерката Рухсар Пекџан рече: „Сега е време за повторна и подобра изградба на светот по пандемијата. Во оваа смисла очекуваме значаен придонес од центарот на ОЕЦД во Истанбул.“

 



Слични вести