Претседателот Ердоган го даде сигналот за прекугранична операција против терористичката ПКК во Синџар, Ирак

Претседателот Ердоган го даде сигналот за реализација на прекугранична операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на Синџар во Ирак

1569148
Претседателот Ердоган го даде сигналот за прекугранична операција против терористичката ПКК во Синџар, Ирак

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање на џума намаз (петочната молитва) во Истанбул даде изјава за претставниците на печатот.

На прашањето на новинарите „Дали може да се реализира операција против ПКК во Синџар, во Ирак?“,  претседателот Ердоган во врска со вадењето на терористите од подрачјето на Синџар во Ирак го даде сигналот за реализација на прекугранична операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во подрачјето на Синџар во Ирак.

„Тоа (операцијата) не може да се објави однапред. Како што велам јас секогаш, една ноќ можеме ненадејно да дојдеме.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Ердоган воедно истакна дека втората пратка вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од Кина може да пристигне во Турција до крајот на оваа недела.

Тој рече: „За нашата втора пратка вакцини е издадено одобрение од Кина. Најверојатно би можела да пристигне до крајот на оваа недела.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одговори и на тврдењата за предвремени избори во врска со што нагласи дека не станува збор за одржување на предвремени избори пред јуни 2023 година, датумот на одржување на редовните избори.



Слични вести